Роден е во 1872 година во с.Екши Су, Леринско. Во редовите
на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа
како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета
зел активно учество во борбите кај Леринско.
По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната
мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското
Горско началство.
Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден
од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот
истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан
цела година. Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната
била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29
август 1905 година. |